Вегански ќофтиња


Експериментирајќи низ кујна пред некој ден настанаа овие два вегански рецепта кои се разликуваат само по главната состојка.

Изберете една главна состојка:
1 чаша леќа
или
500 г брокула

Останати состојки:
1/2 чаша брашно од бадеми
1/2 чаша брашно од хељда
1 морков
1 кромид
1/2 лажичка сол
1/2 лажичка шарена сол
1/2 лажичка сушен магдонос
1/2 лажичка црвен пипер во прав
1/2 лажичка лукче во прав
1/4 лажичка бибер

Сварената леќа или брокула изблендирајте ја. Ситно исецканиот морков и кромод пропржето го на тивок оган едно 10 минути. Потоа сите состојки ставете ги во сецко додека не добиете убаво соединета смеса. Оформете големи бомбици од смесата, наредете ги на хартија за печење и благо притиснете ги со лажица за да добиете форма на ќофте.

Се печат во загреана рерна на 200 степени, 20 минути.

Може да ги послужите со сос од индински ореви:

Се блендираат:
– 1 чаша непечен индиски орев
– пола лимон
– 1 чешње лук
– 1/3 чаша вода
– 1/2 чажичка копар

Sharing is caring!

Leave a Reply