Стилски трикови во бременоста #1

За сите идни мајки, најпрвин честитки! За сите останати, повторно добредојдовте по едно мини отсуство.

По многуте комплименти добиени од познати, како и непознати, за мојот стил во бременоста, решив да ги споделам со вас моите дневни комбинации, како и трикови кои можете да ги изведете со вашите стари облеки додека мешето полека расте 🙂 Со оглед на тоа дека понудата на алишта за бремени жени во земјава е доста скромна, преостанува  да бидете креативни експериментирајќи со вашата постоечка гардероба и притоа да заштедите.

Во овој пост ја споделувам магијата на памучното здолниште со еластин и ластик на горниот дел, кое вообичаено се носи на струк. Во бременоста го носам благо погоре, за да не го стегам мешето на половина. Секако ова можете да го изведете со здолниште чија должина дозволува да го поместите малку погоре, а притоа да не изгледате вулгарно.

Пред сѐ запомнете дека најважно е да носите природни материјали како памук, вискоза, модал, свила, лен и сл. кои му дозволуваат на телото да дише, како и удобни обувки кои ќе ви го олеснат движењето.

 

 

© photos by Mitze

Sharing is caring!

Leave a Reply