Вкусови од детството, дел 2: ресена сирови бомбици

Состојки:

2 чаши* бадеми

15 свежи излупени урми**

2 лажиици кокосово масло

1 лажица мед

2 лажици какао

сок од еден портокал

*1 чаша = 200 мл

** за полесно да ги узлупите урмите, потопети ги во топла вода 10 минути

Припремање:

Најпрвин, ставете ги бадемите во сецко и мелете се додека не добиете брашнеста структура. Доколку сакате крцкави парчиња бадеми во бомбиците, сочувајте пола чаша од бадемите и додадете ги на крајот во сецкото заедно со останатите состојки. Мелете уште 2 минути за убаво да се соеднинат состојките и потоа оформете бомбици. Ставете ги бомбиците во ладилник минимум 4 часа за да се стегнат. Потоа можете да ги чувате во фрижидер до една недела.

Уживајте!

 

Sharing is caring!

Leave a Reply