Белград

Белград плени со својот дух, со своите граѓани, со својата култура, архитектура и историја. Иако лузните од неодамнешното минато, физички отсликани врз некои згради низ градот се видливи и за окото на еден обичен турист, се чини дека градот успеал да си го зачува својот непогазлив дух, грандиозностa, но и топлината, кои му доликуваат на еден главен град, центар, метропола.

Во прилог споделувам со вас неколку фотки од моето последно тридневно патување во Белград. Без разлика дали веќе сте го посетиле Белград и неговите знаменитости, музеи или галерии, секогаш можете да свратите на неколку дена и да си ја наполните душата и срцето со добра храна, сладолед, театар, музика, и лезетски прошетки низ стариот град: Кнез Михаилова, скриените калдрмени улички низ  Дорчол и Скадарлија, како и низ пространиот Калемегдан, онаму од каде што се гледа бакнежот на Дунав и Сава.

Неколку предлог адреси за вашата следна белградска посета. А вашите коментари и предлози се секогаш добредојдени.

Како колекционери на плочи, со мојата љубов често пати знаеме да наминеме во музички продавници каде поимот време исчезнува, и се забораваме со часови:

Пробајте да му одoлеете на мирисот на пуканки од уличните колички, кој мрзеливо сe шири низ Кнез Михаилова

Скадарлија

Сладолед во секоја сезона и на секое место!

Слатка кафе пауза со кнедли полнети со овошни и чоколадни преливи:

За едно детокс освежување со цеден сок, смуди, или пак органски сладолед:

За опуштена вечер, со добро пиво и мезе: Пивница Гвожџара

За кул џез вечер, во градина или на отворено: Џез Башта

photos by Mitze

 

Sharing is caring!

Leave a Reply