Чоколаден сон

Состојки:

База:
1 чаша брашно од ситно исецкани лешници во сецко (или други апетисани по избор)
1/2 чаша рогач (или какао)
4 урми (претходно потопени во топла вода 5 минути за да полесно се излупат)
2 лажици јаворов сируп (или агаве сируп или една лажица мед)
по желба:1 лажичка ванила

Чоколаден крем:
2 чаши индиски ореви (претходно потопени во топла вода 10 минути)
1/2 чаша кокосово масло
1/2 чаша агаве сируп
1/2 чаша вода
1/2 чаша какао во прав

*1 чаша = 200мл

Припремање:

1. Најпрвин во сецко измелете ги апетисаните додека не добиете фино сомелена брашнеста структура. Потоа додадете го рогачот, па урмите и јаворовиот сируп. Состојките нека се соединат убаво на највисоката брзина во сецкото. Подгответе осум калапи за мафин и во секој од нив додадете по две лажици од смесата. Потоа со прсти или со надворешниот дел од лажицата притиснете ја смесата кон дното на калапот за да оформите цврста база која потоа ќе ја прелиете со филот.

2. Во моќен бледер ставете ги сите состојки една до две минути додека не добиете фина кремаста структура. Рамномерно распределете ја смесата во калапите за мафин, и наросете ги мафините со ситно исецкани лешници/бадеми/индиски ореви.

3. Ставете ги мафините во сад кој се затвара со капак и оставете ги во замрзнувач минимум 3 саата, за да се стврднат мафините. Извадете ги пола саат пред послужување за да се опуштат. Потоа можете да ги чувате во фрижидер до три дена.

Sharing is caring!

Leave a Reply