Со термофизичката метода до подобри резултати

Мојата приказна со Fit Family продолжува. По два месеца вежбање со термофизичката метода моето тело е значително позатегнато, метаболизмот ми е подобрен, а по секој тренинг се чувствувам исполнето и енергично.

Благодарение на разновидните вежби кои ги нуди термофизичката метода и кои таргетираат повеќе групи на мускули на рацете, градите стомакот, грбот, задникот и нозете, го имам намалено процентот на маснотии во моето тело, а ја имам зголемено мускулна маса т.е. моите мускули се видно дефинирани.

Секој тренинг го завршувам со 30 минутно кардио. Кардио тренинзите помагаат во согорувањето на калории и вишокот маснотии, а со тоа придонесуваат за дефинирање на мускулите. Кардиото може да биде приспособено и за оние кои имаат проблеми со коленета или зглобовите. Брзото одење (power walk) или вежбањето на орбитрек го ублажуваат притисокот врз овие осетливи делови од телото.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не заборавајте дека пред, за време на, и по тренингот вашето тело мора да остане хидрирано. Пијте вода, во помали количини, но почесто!

Не заборавајте и понатаму да ја следите мојата Fit Family  приказна преку хаштаговите #3месециТФМ и #fitfamilymk на социјалните мрежи facebook и instagram.

photos by Mitze

Sharing is caring!

Leave a Reply