Фустанот на тетка ми

Во еден од моите поранешни постови имав споделено една стилска комбинација која се состоеше од еден мој розов џемпер и едно здолниште на мајка ми кое веќе подолго време спиело заборавено во еден ќош на нејзиниот орман. На сите ни е познато дека модата е позната по нејзиното циклично движење: заминувањето и враќањето на трендовите. Фармерки со висок струк. Топ со голи раменици. Чокери. Карнери. Sвонести ракави и пантолони. Сите овие и уште многу други парчиња во најразлични бои и материјали кои постојано ни се враќаат би биле само обични кроеви кои висат на закачалките и стуткано спијат на полиците доколу ние не решиме повторно да ги оживееме преку нашите стилски игри.

Фустанот на сликите е на тетка ми, која реши да ми го подари! Парчето само по себе е безвременско, иако некои детали, како на пример копчињата, носат ненаметлива нота на осумдесетите. Останувајќи му доследна на мојот стил, решив да го оживеам ова парче со моите модерни модни додатоци: беретка, пар обетки, кожна јакна, кул хулахопки и кратки чизмички. Ова е еден покежуал изглед, но истиот фустан би можел да добие сосема поинаков лик доколку е искомбиниран со други додатоци. Како што можете да забележите и на сликте, понекогаш е доволна само различна позадина, или фризура (фатена или пуштена) за да им се даде поинаков изглед на парчињата, а со тоа и да се постигне една поинаква атмосфера на фотографијата.

photos by Mitze

Sharing is caring!

Leave a Reply