Џемпер од шеќерна волна / Cotton Candy Sweater

Оваа година зимата се чини долга, сива и летаргична. Често пати во текот на денот се замислувам како се вклопчувам како мало животинче во сопственото дувло и ја преспивам зимата и нејзиниот студ.

Јас сум од оние кои претпочитаат зима на планина, а не во град, каде сè се замрзнува, осивува, а потоа полека се претворува во кашаници и шлапавици. Како некој што обожува здолништа и фустани, решив да ги вратам фармерките и панталоните во плакар, доста беше! Случајно во орманот на мајка ми наидов на едно нејзино здолниште која оддамна го нема видено „светлото на денот“. Во комбинација со густи хулахопки и овој розов џемпер, што ме потсеќа на шеќерната волна што ја продава дедичкото на влезот во парк, решив да го обојам скопското сивило.

 

photos by Mitze

Sharing is caring!

Leave a Reply