Супермоќно Авокадо Чоколада смуди

Оваа година од мојот таен Дедо Мраз, меѓу сите останати слатки и инвентивни изненадувања кои ми ги живнуваа декемвриските секојдневија и на кои им се радував како дете, добив на подарок и една прекрасна книга со рецепти за зимски смудија од Елик Мараник. Инспирирана од еден од нив, решив да споделам со вас еден рецепт кој верувам ќе ви ја стопли и заслади душата во овие снежни зимски денови. Уживајте!

Состојки:

3 лажици кокос

300 мл млеко од бадем (јас во моментот имав млеко од кокос)

1 зрело авокадо

20 гр спанаќ

3 излупени урми

1 лажица кокосово масло

2 лажици какао

Припремање:

Ставете ги сите состојки во блендер една минута. Смудито можете да го декорирате со кокосови трошки. На здравје!

Sharing is caring!

Leave a Reply