Прв гостински пост: Емилија од Miss Urban Vibe

Разиграни, елегантни, кежуал, класични, модерни, со еден збор креативни модни комбинации и дневни инспирации. Својата приказна продолжува успешно да ја пишува и во четвртата година од своето постоење. Зад себе брои успешни соработки со врвни модни и светски брендови, како: Marella, Bata, Weekend Max Mara, Pennyblack и многу други. Неодамна беше и домаќин на промоцијата на новата Carpisa колекција, а за сѐ она што следува ќе ни раскаже самата таа, во првиот гостински пост за Fsquared: Емилија од Miss Urban Vibe.

  1. Miss Urban Vibe неодамна го прослави својот трет роденден. Од твоето тригодишно искуство како моден блогер во Македонија, дали можеш на кратко да ни раскажеш како созреваше твојот блог низ соработките, фотосесиите и модните случувања во земјава?

Ова ми е секогаш најтешко прашање за одговарање. Тоа е исто како да раскажуваш како си созревал ти низ годините, бидејќи блогот е олицетворение на самата себе, на мојот имиџ и стил и сите мои креативни размисли. Искрено не верував дека ќе соработувам со толку брендови и компании и ќе бидам дел од многу модни, хуманитарни и кампањи од општествено- социјална природа.

Кога правиш нешто со љубов и посветеност секогаш се враќа со успех. Сметам дека успеавме да направиме добри и квалитетни содржини досега и се надевам дека инспириравме дел од читателите и им дадовме добри и полезни совети, кои би им користеле во секојдневието.

 

 

  1. Кој стои зад фотографиите на Miss Urban Vibe?

Дел од фотографиите се на PraznoMestoPhotography, дел на фотографот Димитар Атанасов, а дел на моето момче. Меѓутоа целата приказна која ја раскажуваат истите ја обмислуваме тимски. Заедно ја развиваме приказната која сакаме да ја покажеме на нашите читатели и секогаш се стремиме да работиме на овој начин. Сепак најмногу од се сакаме кога ќе направиме добри спонтани фотографии.

 

  1. Пред извесно време, во сорабoтка со Магнетик груп ја организираше промоцијата на новата Карписа колекција, чие заштитно лице е Пенелопе Круз. Како течеа подготовките и која беше твојата улога за време на ова случување? 

Кога ќе најдете меѓусебен заеднички јазик со некого, проектите се многу лесни за реализирање. А со тимот на Магнетик, одлично се разбираме и функционираме. Најпрво се договривме за концептот, местото на одржување, датата и го сработивме. Мојата улога, освен како домаќин, беше и коорганизатор на настанот, смислување на сценарио и давање на креативни идеи за негова реализација. Многу ми е драго што колешките блогерки позитивно одговорија на поканата и го посетија. Уште подраго ми е што имаше многу позитивни реакции од нивна страна за настанот и едвај чекам да направиме повторна средба за некој нов повод.

 

  1. Бројот на модни блогови значително расте во светот, а и во земјава. Што е предуслов за еден моден блог да „заживее“?

Нема некој инстант рецепт за успешен блог. Треба да бидете упорни и доследни на она што го работите за да успеете. Да имате добра содржина и добри фотографии. И не треба да се откажувате од реализирање на вашите проекти и во моменти кога ви се гледаат најтешки за реализација. И секогаш мислете дека недостижното може да го достигнете со упорна работа и себе надградување, на сите полиња од животот.

 

  1. Кои се престојните планови на Miss Urban Vibe?

Редизајн на интерфејсот на блогот и финализирање на плановите за следната годината. Ни престојат уште неколку настани во следните два месеци и неколку нови соработки со домашни и странски брендови. Тука е и новото издание на Fashion Weekend Skopje, кој секогаш со задоволство го посетувам и го покривам на блогот.
Сепак, најмногу од се му се радувам на моето патување во Барселона во ноември. Првпат сум во посета на овој град и едвај чекам да ги видам сите зацртани места и секако да им го пренесам моето искуство од градот на сите читатели на блогот.

  1. Што ќе се носи оваа сезона есен/зима 2016/17? Кои се трите основни парчиња на Miss Urban Vibe за сезонава?

Оваа есен ни носи многу возбудливи трендови како впечатливи капути, кошули со карнери, плисе сукњи, џинс со апликации, фустани во бохо стил, панталони со широки ногавици, џемпери со ѕвонасти ракави, кадифе од глава до пети, микро чанти, панделки како додатоци, панк- балетанки, твид и каро меѓу останатите трендови.

Ако треба да изберам три парчиња кои ќе се најдат оваа есен во мојот шкаф тогаш тоа дефинитивно би биле впечатливиот капут, фустан во бохо стил и микро чанта.

© Fsquared

Sharing is caring!

Leave a Reply