Каша од амарант

Состојки:

  • 1 чаша амарант
  • 2 чаши вода
  • 1 јаболко
  • 1 круша
  • 2 лажици јаворов сируп (мед, агаве сируп)
  • 1 лажичка цимет
  • Прстофат морско оревче (по желба)

1 чаша = 200мл

a4

a3

Приготвување:

Ставете ги амарантот и водата во тенџере на висока темература. Откако ќе зоврие водата, намалете ја температурата, и оставете го амарантот да се вари 20 минути или додека смесата не стане кашеста. Доколку сакате кашата да е потечна, слободно додадете вода.

Исечете ги јаболката и крушата на коцки и ставете ги во посебно тенџерче заедно со јаворовиот сируп и циметот.  Оставете ги 10-15 минути на средна температура за да омекнат. Повремено мешајте за да не се залепат на дното. Потоа додадете ги во тенџерето со амарант и измешајте убаво за да се соединат вкусовите.

По желба, можете да ја послужите оваа каша со јаткасти плодови.

a2

Sharing is caring!

Leave a Reply