Сурови чоко бомбици

Состојки:

10 свежи урми

1/2 чаша бадеми

1/2 чаша семки од тиква

1/2 ореви

1/4 чаша гоџи бобинки

1 1/2 лажица какао

1 1/2 лажица јаворов сируп

3 лажици кокосово масло

1 чаша = 200мл

img_1484

img_1486

img_1480

img_1479

img_1476

Припрема:

Најпрвин покиснете ги урмите  10 минути во млака вода за да може полесно да ги излупите.

Исецкајте ги бадемите,оревите, семките од тиква и гоџи бобинките во сецко една минута. Потоа додајте ги излупените урми, какаото, јаворовиот сируп и кокосовото масло и продолжете уште една минута во сецко, додека не се соедини смесата во форма на топка. Со прстите одвоете делче од смесата и меѓу дланките оформете бомбица. Повторете ја постапката со останатиот дел од смесата. Ставете ги бомбиците во затворен сад во ладилник 1 саат за да се стегнат. Извадете ги 5 минути на собна температура пред послужување. Потоа можете да ги чувате во фрижидер до 5 дена. Уживајте!

img_1500

Sharing is caring!

Leave a Reply