Златниот час / The Golden Hour

Во фотографијата, како и кинематографијата, златниот час, исто така познат како магичен час, е времето непосредно по изгрејсонце или пред зајдисонце, кога сончевата светлината е топла, мека, кадифена.

За време на овој час, сонцето природно ги осветлува сите линии на објектот, за разлика од онаа директна и нападна светлина која паѓа врз објектот кога сонцето е во зенитот, притоа изобличувајќи ги линиите и цртите на објектот со непосакувани сенки или сончева преекспонираност.

Златниот час им дозволува на фотографите да создадат  игра на силуети кога ќе го вперат објективот директно кон сонцето над хоризонтот, како и игра на сенки, кои се протегаат и растат како што сонцето полека се приближува кон хоризонтот.

Магичноста на овој период не е резервирана само за фотографирање надвор. Таа исто така придонесува за посебна атмосфера на фотографирањето во затворени простори. Доволно е да отворите прозор или врата низ кои оваа светлина ќе се влее во просторот и ќе ја оплемени фотографијата.

img_16461

img_16481

img_1652

Sharing is caring!

Leave a Reply