Безглутенски крекери/ Gluten-free crackers

Error: Access Token is not valid or has expired. Feed will not update.
This error message is only visible to WordPress admins

There's an issue with the Instagram Access Token that you are using. Please obtain a new Access Token on the plugin's Settings page.
If you continue to have an issue with your Access Token then please see this FAQ for more information.

Состојки:

1/2 чаша семки од сончоглед

1/2 чаша семки од тиква

1/2 чаша сусам

1/4 чаша афион

1/4 чаша ленено семе

1/4 чиа семе

1/2 лажичка сол

1 чаша вода

сол по желба

1 чаша = 200 мл

IMG_1354

IMG_1358

Припрема:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во меѓувреме ставете ги сите семки во една здела, заедно со солта и водата. Оставете ги да отстојат 15 минути. За тоа време чиа семето и лененото семе ќе омекнат и ке ги сврзат сите семки.

Садот или плехот за печење покријте го со хартија за печење и врз него истурете ја смесата и распpостранете ја под еднакво низ плехот (дебелината на слојот да не биде поголема од 5 мм). Доколку сакате (јас лично претпочитам) наросете  ја смесата со прстофат сол. Ставете во рерна и печете 20-25 мин.

Извадете го плехот од рерна и внимателно исечете ги крекерите во каква форма сакате. Потоа, свртете ги еден по еден и вратете ги во рерна да се допечат уште 20-25 мин. Кога ќе ги извадите од рерна, ставете ги на решетка да се изладат.

Овие кркери одат одлично со путер од кикирики, мухамара или било какво друго макало. А убави се и сами по себе. Одлична здрава и вкусна замена за чипс и други грицки мицки.

Уживајте!

Не забравајте да го споделите вашето мислење, идеи или фотки од овој рецепт.

IMG_1363

Sharing is caring!

Leave a Reply