Киш со сливи/ Plum Quiche

Состојки:

тесто база:

230 г брашно

120 г путер

прстофат сол

3-4 лажици вода

прелив:

10-13 сливи

110 г шеќер

4 лажици млеко

4 лажици павлака

2 јајце

1 лажичка екстракт од ванила

6

IMG_1149

new

Припрема:

Тесто база: 

Во една здела ставете ги брашното и солта. Потоа додатете го путерот исечен на мали коцки. Гмечето го путерот и брашното меѓу прстите, а потоа додате вода. Продолжете да гмечите со прстите, или употребете миксер за да ја соедините смесата. Откако добро ќе ги изгмечите и соедините состојките направете една топка, завиткајте ја во проѕирна фолија и ставете ја во фрижидер 20 мин. За тоа време загрејте ја рерната на 200 степени. Извадете го тестото и убаво распространете го во сад за печење. Ставете го да се пече 15 минути.

Во меѓувреме со миксер измешајте ги јајцето и шеќерот додека смесата не побели и потоа дадајте го млекото, павлаката и ванилата.  Сливите пресечете ги на пола и извадете ги коските. Тестото извадете го од рерна и врз него наредете ги половинките слива и прелијте ги со смесата. Вратете го кишот во рерна да се допече уште 15-20 минути.

Пријатно јадење.

Споделете ги вашите коментари, идеи или фотки од овој рецепт.

8

10

Sharing is caring!

Leave a Reply