Monday Blues

Сите понекогаш си патиме од таканаречените Monday Blues или понеделничка летаргија. Понеделник за многумина е почеток на работната (школска и студентска) недела. За оние во оваа категорија, понеделник значи и будење во 5ипол, 6, 6ипол, туширање, шминкање, пеглање (на брзина), облекување, правње кафе, смуди или чај и припремање на ручек за работа. Понеделничка летаргија најчесто се јавува кај луѓето кои не се задоволни со својата работа, но често пати знае да се јави и кај луѓе кои едноставно се уморни, преоптоварени на работа или поминуваат низ некој личен емотивен период.

Наместо да ги занемарувате овие чувства, потрудете се да ги освестите работите или личностите кои ги предизвикуваат истите. На овој начин, ќе станете поактивни во потрага по решение кое би можело да ја подобри ситуацијата. Друг начин на кој можете да ѝ се радувате на недела е да направите листа од минимум 3 работи кои ви престојат во текот на таа недела и на кои им се радувате (пр. кафе-муабет со пријатели, свирка, качување на Водно, роденденска прослава, прошетка по кеј, шопинг, слободно време за читање, сликање, блогирање, цртање, вежбање, изработка на накет, моделирање со глина, кино). Исто така, исклучете се комплетно од работата, не го проверувајте меил-от доколку знаете дека одредена информација ќе ве држи во грч цел викенд, освен се разбира ако имате нешто неодложно до понеделник и однапред ви било кажано да го сработите. Последно, усреќете некој од вашите колеги. Според истражувањата за позитивна психологија, докажано е дека еден од начините на кој можете да се расположите самите себе си е да усреќите некој друг.

И секако не заборавајте да слушате добра музика. Јас ве оставам да размилсувате на оваа тема со нумерата на  Декстер Гордон . Споделите ги вашите размислувања на оваа тема.

IMG_0034 new

IMG_0042 new

IMG_0047 new

IMG_0048

pjimage (3)

wearing: J Crew jeans, Massimo Dutti belt and Polo shirt

photos by Mitze

Sharing is caring!

Leave a Reply