Ќофтиња од тиквици / Zucchini Fritters

Error: Access Token is not valid or has expired. Feed will not update.
This error message is only visible to WordPress admins

There's an issue with the Instagram Access Token that you are using. Please obtain a new Access Token on the plugin's Settings page.
If you continue to have an issue with your Access Token then please see this FAQ for more information.

Состојки:

4 чаши изрендани тиквици

1/3 чаша исечкан кромид

2 чешниња лук

2/3 чаши бело брашно

2 јајца

маслиново масло за готвење

сол и бибер

1 чаша = 200 мл

sharp

IMG_1247

IMG_1249

IMG_1253

Припрема:

Ставете ги изренданите тиквици во еден сад и наросете ги со сол. Оставете ги да отстојат 10 минути. Потоа, рачно исцедете ги за да ја отстраните водата што ја испуштиле и префрлете ги во друг сад.

Додадете ги претходно изматените јајцата, кромидот, лукот, пола лажичка сол и 1/4 лажичка бибер. Мешајте додека не се соедини смесата. На страна подгответе еден голем тањир и прекријте го со салфетка.

Тавчето премачкајте го со маслиново масло и ставето го на средна температура. Кога ке се загрее маслото ставете по една голема лажица од смесата и благо притиснете со лажицата одозгора за да добиете форма на ќофте. Во зависност од големината на тавчето, истовремено можете да припремате повеќе ќофтиња. Пржете ги 2-3 минути од едната страна, а потоа уште 2 минути од другата страна, или додека благо не потемнат. Потоа префрлете ги ќофтињата врз тањирот со салфетката, за да се упие вишокот масло и наросете ги со сол.

Вака приготвените ќофтиња можете да ги послужите со павлака или урда.

Уживајте и не заборавајте да ги споделите вашите мислења, идеи и фотки.

 

IMG_1259

Sharing is caring!

Leave a Reply