Состојки:
3 белки од јајце
100 г темно чоколадо
40 г шеќер во прав
50 г путер
25 г брашно
25 г густин
Припрема:
Изрендајте го чоколадото. Во посебен сад омекнете го путерот со гмечење додека не добиете кремаста структура. Потоа, додадете го чоколадото и шеќерот, и со миксер мешајте 5 мин. Додадете го густинот и брашното и продолжете да мешате. Во друг сад со миксер измешајте ги белките додека не добиете бела пенаста структура. Претурете ги белките во садот со смесата и измешајте убаво со лажица.
Во сад за печење, претходно намачкан со путер и наросен со брашно, истурете ја смесата и ставете ја во претходно загреана рерна да се пече 30-35мин на 200 степени.
Уживајте и не заборавајте да ги споделите вашите коментари, идеи и слики од овој рецепт.