Колач со урда / Sweet Ricotta Bread

Состојки:

1 1/2 чаша бело брашно

2 1/2 лажички прошок за пециво

1/2 лажичка сол

3/4 чаша несолен путер, омекнат на собна температура

1 1/2 чаша свежа несолена урда

1 чаша кафеав шеќер

3 јајца

1 лажичка ванилин екстракт

по желба бел шеќер во прав за наросување

0

01

Припрема:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Калапот премачкајте го со путер и наросете го со малку брашно.

Во една здела со миксер измешајте ги путерот, урдата и шеќерот додека не се соединат состојките и добиете кремаста структура (~2 мин). Едно по едно, додадете ги јајцата, и продолжете со мешањето. Во друга здела, ставете го бршното, прашокот за пециво и солта и измешајте ги, и полека додевајте ги во другата здела мешајќи со миксерот на најслаба јачина. Откако ќе ги додадете целосно, продолжете да мешате со средна величина уште 2 мин.

Смесата префрлете ја во садот за печење. Печете 15 минути на 180 степени, а потоа намалете ја температурата на 160 и продолжете со почење уште 45 минути. Извадете го колачот и оставете го да се излади 15 минути, а потоа извадете го од садот за печење.

Уживајте и не заборавајте да ги споделите вашите коментари и фотки од овој рецепт.

IMG_1289

Sharing is caring!

Leave a Reply